Најдобар - Енергетски ефикасна куќа од слама

Bez autora
Jun 01 2014

Проектот Енергетски ефикасна куќа од сламаа на тимот Економични ватии е добитник на првата награда во вредност од 500 евра на натпреварот за најдобар бизнис план за студенти во рамките на Платформата за енергетска ефикасност, во организација на ЕВН Македонија и Министерство за економија. Втората награда во вредност од 300 евра ја доби тимот на Енергетика 66 за бизнис планот Генератор на реката Вардар за ефикасно улично осветлување на Скопјее, додека третата награда во вредност од 150 евра ја делат тимовите Аполонн и Енерго балансс. Над 150 студенти од скоро сите високообразовни институции во државава учествуваа во бизнис план натпреварот. Студентите, групирани во четириесет тимови, се натпреваруваа со нивната инвентивност, иновативност и знаење. За подобро и поуспешно учество на овој натпревар студените добија и соодветна обука која се одржа на Деновите на образованието на Скопски саем.

Најдобар - Енергетски ефикасна куќа од сламаПроектот Енергетски ефикасна куќа од сламаа на тимот Економични ватии е добитник на првата награда во вредност од 500 евра на натпреварот за најдобар бизнис план за студенти во рамките на Платформата за енергетска ефикасност, во организација на ЕВН Македонија и Министерство за економија.

Втората награда во вредност од 300 евра ја доби тимот на Енергетика 66 за бизнис планот Генератор на реката Вардар за ефикасно улично осветлување на Скопјее, додека третата награда во вредност од 150 евра ја делат тимовите Аполонн и Енерго балансс.

Над 150 студенти од скоро сите високообразовни институции во државава учествуваа во бизнис план натпреварот. Студентите, групирани во четириесет тимови, се натпреваруваа со нивната инвентивност, иновативност и знаење.

За подобро и поуспешно учество на овој натпревар студените добија и соодветна обука која се одржа на Деновите на образованието на Скопски саем. На учесниците на бизнис план натпреварот им беа дадени конкретни насоки и алатки за изработка на бизнис план и пресметки за енергетски заштеди.

Поголема примена на енергетската ефикансост во реалниот сектор е една од главните цели на Платформата за енергетска ефикасност. Токму затоа навремената едукација кај студентите како главна одлучувачка сила во иднина во компаниите е е од клучно значење. Искрено се надеваме дека со овој натпревар овозможивме стекнување на реални и конкретни можности на овој план.. изјави Искра Тикваровска, координатор на проектот во ЕВН Македонија.

Тимовите кои успееа да изработат бизнис планови во предвидениот рок имаа можност да ги презентираат пред стручна комисија. Презентацијата беше финалниот критериум за евалуација на плановите. Секој тим имаше три минути со помош на промотивен простер да ја презентира својата бизнис идеја пред комисијата и потоа да одговори на прашања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik